Гаши се обрати пред студенти на постдипломски студии на Колеџот на Европа


gashi-studenti-4.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието Африм Гаши се обрати пред делегација од 36 меѓународни студенти на постдипломски студии од Одделот за европска трансформација и интеграција при Колеџот на Европа – кампусот во Тирана, од 19 европски земји, кои престојуваат во Република Северна Македонија во рамки на студиска посета.


Во обраќањето беше нагласено дека европската интеграција на Република Северна Македонија е долгорочна и стратешка определба, но и процес што треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните.

Претседателот Гаши се осврна и на комплексноста на пристапниот процес. Истакна дека од Самитот во Солун во 2003 година, на кој беше потврдена јасната европска перспектива на земјите од регионот штом бидат исполнети потребните услови и критериуми, поминаа 23 години, а со оглед на променетите околности, проширувањето на Унијата денес го оцени како прашање на безбедност и стабилност.

Ја нагласи и важноста на вреднувањето на компромисите, потсетувајќи дека земјата го промени името со цел евроатланска интеграција, но отворањето на поглавјата за членство во ЕУ изостана.

Понатаму се задржа и на важноста од завршувањето на домашните задачи на земјите кандидати, односно исполнувањето на реформската агенда и спроведувањето на реформите во областите како што се владеењето на правото, човечкиот капитал, дигиталната и зелената транзиција и економијата како основи за подобрување на квалитетот на животот и приближување кон европските стандарди.

Во однос на Собранието, ги повтори неговите залагања за отворен законодавен дом, како и за примена на највисоки стандарди со цел најдобро да одговори на потребите на граѓаните.

По обраќањето на претседателот Гаши, следеа прашања од студентите поврзани со отворањето на преговорите за членство во ЕУ, потоа односите со државите во регионот и пошироко како и улогата на Собранието во европскиот интеграциски процес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK