Нетанјаху: Турција не треба да добива авиони Ф-35


depositphotos_11601099_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека во неколку наврати разговарал со претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за потребата Турција да не биде вратена во програмата за борбени авиони Ф-35, откако американскиот претседател ја објави можноста за обновување на нивната продажба на Анкара.


Во интервју за CNN, Нетанјаху рече дека неколку пати разговарал со Трамп за прашањето за учеството на Турција во програмата Ф-35 пред посетата на американскиот претседател на Анкара.

„Секој разбира дека, без оглед на личното пријателство на претседателот Трамп со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ова не ја прави Турција пријателска земја кон Соединетите Американски Држави“, тврдеше Нетанјаху. Неговата изјава дојде откако Трамп за време на денешната средба со Ердоган рече дека ќе ги укине санкциите против Турција и ќе размисли за продолжување на продажбата на борбени авиони Ф-35 на Анкара.

Нетанјаху ја обвини Турција дека е под влијание на Муслиманското братство, дека им се заканува на државите од Европската унија, дека го окупира Кипар, дека го засолнува палестинското милитантно движење Хамас и дека ги затвора политичките противници и новинарите.

„Тој не е многу примерен сојузник на Соединетите Американски Држави“, рече Нетанјаху, алудирајќи на Ердоган, додавајќи дека турскиот претседател наводно се заканува дека ќе го уништи Израел. Според неговите тврдења, Турција има „агресивни амбиции“ и не претставува фактор на мир и стабилност, пренесува Танјуг. Нетанјаху процени дека испораката на авиони Ф-35 на Турција ќе поттикне понатамошна агресивна политика од страна на Анкара.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK