Украина ја предупредува Полска: Последните што се обидоа да ни постават ултиматум беа Русите


polska-Depositphotos_212058972_L-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на Канцеларијата на украинскиот претседател Кирил Буданов изјави дека очекува тензиите меѓу Украина и Полска да достигнат врв оваа недела поради одбележувањето на Националниот ден на сеќавање на жртвите од трагедијата во Волинија во Полска.


Буданов изјави за РБЦ-Украина дека Полска се подготвува за „низа незрели потези на ескалација“ во пресрет на 11 јули. Тој ден е Националниот ден на сеќавање во Полска за „жртвите на геноцидот извршен од Организацијата на украински националисти (ОУН) и Украинската бунтовничка армија (УПА) во источните региони на Втората полска Република“.

„Нема да седиме со скрстени раце“

„Според информациите што ги имам, се подготвуваат низа, според мене, незрели потези на ескалација. Очигледно, сето ова сега ќе продолжи“, рече Буданов. Во исто време, тој рече дека Украина нема да прифати никакви ултиматуми од Полска.

„Последната земја што се обиде да ни постави ултиматум беше Руската Федерација. Без навреда на Полска, но Русија е сепак малку помоќна од Полска. Ние не го прифативме ниту нејзиниот ултиматум“, истакна тој.

На прашањето како Украина ќе одговори на можната ескалација на Варшава, Буданов одговори дека „никој нема да седи настрана“.

Обиди за смирување на тензиите
Полскиот премиер Доналд Туск во саботата изјави дека добил „јасни сигнали“ од сегашни и поранешни високи украински функционери, но очекува Киев да го направи првиот чекор кон деескалација на тензиите.

Еден ден претходно, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха предложи „пакет антикризни мерки“ за време на состанокот со неговиот полски колега Радослав Сикорски во Варшава за намалување на тензиите меѓу двете земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK