Несреќа во Охрид: 70-годишен возач удрил во бандера, тешко повредени две деца


lenta-policiska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца малолетници со тешки повреди се пренесени во болница, откако 70-годишен возач со автомобил удрил во бандера.


Според информациите на СВР – Охрид, вчера во 16:20 часот, на автопатскиот патен потег Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М.(70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб.

Возачот, како и две малолетни лица на 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK