ВЛЕН: Воздушниот транспорт се модернизира со европски стандарди, Северна Македонија прва во регионот со најнапредна технологија


patnici-na-skopski-aerodrom.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Воздушниот транспорт во Северна Македонија бележи континуиран напредок преку инвестиции во безбедност, технологија и проширување на врските со нови дестинации. Кадрите на ВЛЕН во институциите покажуваат дека со работа и посветеност можат да се постигнат стандарди кои до вчера изгледаа недостижни“, велат од Влен.


„Во таа насока, заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи, учествуваше во ставањето во функција на новиот томографски систем за безбедносна контрола на рачниот багаж. Инвестицијата од 1 милион евра ја позиционира Северна Македонија на мапата на земјите кои применуваат најнапредни технологии во оваа област, при што станува збор за прв ваков систем од овој тип во Балканот.

Резултатите не застануваат само на технолошката модернизација. Во последните две години се отворени 28 нови авио-дестинации, додека оваа година се очекува бројот на патници да надмине 3,5 милиони, што потврдува дека новите политики ја зајакнуваат позицијата на земјата како сè поважен воздушен јазол во регионот.

ВЛЕН продолжува да докажува дека владеењето се мери со резултати, а не со реторика. Секоја инвестиција што ја зголемува безбедноста, ги подобрува услугите и ги проширува можностите за граѓаните е дел од нашата визија за модерна, развиена и подобро поврзана Северна Македонија со Европа и светот“, соопштуваат од Влен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK