(Видео) Кејн од срам ја спаси Англија – „Гордиот Албион“ по пресврт го победи Конго


14115033.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ДР Конго застана на чекор до голема сензација на Светското првенство, ја намачи Англија, на крајот пресуди индивидуалниот квалитет на Хари Кејн. Англија победи со 2:1 и се избори за осминафинална пресметка со ко-домаќинот Мексико.


Конго ги изненади Англичаните, одигра перфектно 75 минути, но си дозволија во интервал од девет минути Кејн два пати да биде сам и тука заврши нивниот сон дека можат да го нокаутираат фаворизираниот противник.

Прашање е во која насока ќе одеше натпреварот, доколку по голот на Сипенга во седмата минута, ударот на Виса во 42-та, од пет метри завршеше во мрежата, а не во стативата.

Во вториот дел Англија притисна, пропушти две добри шанси, а потоа Кејн стапи на сцена. Во 75-та минута, го заборавија на 10 метри од голот, а тој со глава ја спроведе топката во голот.

Девет минути подоцна, репрезентативците на Конго му дозволија да ја прими топката, а потоа од 15 метри, Кејн испрати проектил во голот на африканската селекција.

Со овие два гола, Кејн дојде до бројката од пет на СП, ист број на голови постигна халанд, еден повеќе имаат Меси и Мбапе.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK