Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека Владата ја донесе одлуката за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општина Чаир, со што се отстранува последната административна пречка за реализација на третата фаза од проектот.
Според Меџити, со оваа одлука се создадени сите предуслови за отворање на постапката за јавна набавка и започнување на градежните работи за заокружување на еден од, како што вели, најзначајните проекти за Албанците во Скопје.
„Со одлуката на Владата се отстранува последната административна пречка и се отвора патот за реализација на третата фаза од плоштадот ‘Скендербег’. Сега се создадени сите услови многу брзо да започне постапката за јавна набавка и реализацијата на овој значаен проект,“ изјави Меџити.