ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие здравство и социјала и демографија, а ВРЕДИ министерствата за правда и за култура


mickoski-kosta-pres.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со реконструкцијата на Владата, ВМРО-ДПМНЕ добива две нови министерства, здравство и социјала и демографија.


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Директно“ на ТВ Телма вели дека реконструкцијата која што ја прави како мандатар на Владата на половина од мандатот, всушност значи нова енергија.

Тој вечерва ќе ги образложи предлозите пред членовите на Извршниот комитет на партијата, а потоа истите ќе ги достави до Собранието и пратениците.

Мицкоски, исто така, најави дека ВРЕДИ ќе ги добие ресорите култура, министерството за односи со заедниците и ресорот правда, а Министерството за земјоделство ќе оди во рацете на ЗНАМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK