Поголем дел од земјава зафатен со невреме, утре повторно пороен дожд и грмежи


721949476_1720837056027463_9006835317033850856_n-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од пладневните часови на повеќе места имаше развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси со појава на град имаше во делови од Скопската Котлина, Куманово, во околината на Кичево, Македонски Брод, Крушево, во Полошкиот и Тиквешкиот регион, информира УХМР.


До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на град.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Под влијание на серија влажни воздушни бранови во четврток и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK