(Видео) Повеќе од 400 дронови во напад врз Русија, шестмесечно бебе загина во Московската област


kiev-ukraina-Depositphotos_405810564_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина соопшти дека повторно го погодила сателитскиот комуникациски центар во Дубна, северно од Москва, кој според претседателот Володимир Зеленски се користи за координација на руските воени операции.


Руските власти не потврдија удар врз објектот, но гувернерот на Московската област соопшти дека дрон погодил административна зграда во Дубна, без жртви.

Во одделен напад во Московската област, дрон урнал семејна куќа, при што загинало шестмесечно бебе. Од урнатините биле извлечени двајца возрасни и две деца.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека противвоздушната одбрана соборила повеќе од 60 дронови, додека руското Министерство за одбрана тврди дека вкупно биле пресретнати или уништени 419 беспилотни летала.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги осуди нападите, изјавувајќи дека „страдаат цивили, умираат деца“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK