Нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала го погоди денес Каракас, додека спасувачките екипи четврти ден ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани по двата разорни земјотреси во кои загинаа 1.500 луѓе, објавува Ројтерс.
Спасувачките екипи се особено фокусирани на Ла Гуера, подрачјето најпогодено од земјотресите во земјата што се соочува со длабока политичка и економска криза.
Венецуела доби помош од 24 земји, кои испратија повеќе од 500 тони храна, 2.700 спасувачи и речиси 86 екипи со кучиња за потрага по преживеани.