Репрезентаивците на Канада се првите учесници во осминафиналето на Светското првенство. Во првиот меч од 1/16 финалето, Канада во Лос Анџелес ја победи Јужна Африка со 1:0 (0:0).
Канаѓаните славеа со голот на капитенот Еустахио во 92-та минута, кога се чинеше дека мечот оди во продолженија.
Канада ја наплати подобата игра против Јужна Африка (1:0) и продолжува понатаму.
Капитенот на Канада, поранешен играч на Порто, ја прими топката на гради и од околу 17 метри, го погоди подалечниот агол од голот на Јужна Африка.
Канаѓаните ќе се сретнат во осминафиналето на 4 јули со победникот од дуелот помеѓу Холандија и Мароко (30 јуни, 3:00 часот).