Возачот на Трекхаус, Аи Огура, ја забелажа првата победа во кариерата во кралската класа, славејќи на Големата награда на Холандија, 10-та трка од сезоната на шампионатот во Мото ГП.
Огура стана првиот јапонски победник во најсилната категорија по повеќе од две децении, поточно од Големата награда на Јапонија во 2004 година, каде што Макото Тамада беше на највисокото скалило на подиумот. Поминаа точно 7.952 дена помеѓу тие триумфи.
25-годишниот Јапонец претходно забележа шест победи во категоријата Мото2, во која ја освои титулата пред две години, а во борбата за триумфот во Асен, го победи тимскиот колега Раул Фернандес со осум десетинки. Двајцата така донесоа историски резултат за Тракхаус, кој го оствари својот прв двоен триумф.
На подиумот им се придружи Хорхе Мартин на Априлија, кој ја комплетираше тројната победа за италијанскиот производител, втора во историјата, по онаа во Муџело.
И додека Априлија оствари троен триумф на „Катедралата“, Големата награда на Холандија бргу ќе ја заборави Марко Бецеки, кој излета од патеката во вториот круг.
До трката во Асен, водечкиот во генералниот пласман, падна во 15-та кривина, буквално леташе низ воздухот, а потоа беше префрлен во медицинскиот центар на прегледи.
Неговиот тим се огласи три часа по трката со информации дека Бецеки нема никави повреди и дека е пуштен дома.
Следната трка од шампионатот во Мото ГП е за Големата награда на Германија на „Заксенринг“ од 10 до 12 јули.