Томас Парти доби забрана за влез во Канада


depositphotos_759576180_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Репрезентативецот на Гана, Томас Парти, ќе го пропушти првиот натпревар на својата репрезентација на Светското првенство против Панама откако му беше одбиен влез во Канада поради кривична постапка што се води против него во Велика Британија.


Како што објавија британските медиуми, 33-годишниот играч од средниот ред не добил виза откако за време на барањето изјавил дека никогаш не бил уапсен или обвинет за кривично дело.

Владата на Гана се обиде да добие привремена дозвола за влез за да може Парти да настапи на натпреварот во Торонто, но Федералниот суд во Отава ја отфрли жалбата.

Во образложението на пресудата се наведува дека „нема сериозна основа за оспорување на првичната одлука за одбивање на виза“ и дека подносителот на барањето „не пријавил дека против него се водат повеќе кривични постапки во Велика Британија за сексуално насилство“, објави Би-Би-Си.

Поранешниот играч на Арсенал се изјасни за невин по седум точки од обвинението за силување и една точка од обвинението за сексуален напад. Обвиненијата се однесуваат на наводни инциденти со четири различни жени помеѓу 2020 и 2022 година, а судењето е закажано за следната година.

Канадската служба за имиграција, бегалци и државјанство објави дека организацијата на големи спортски настани не влијае на примената на прописите за имиграција.

„Канада е доследна во својот став дека домаќинството на големи настани не ги менува канадските закони за имиграција. Секое лице кое сака да влезе во земјата се оценува индивидуално, врз основа на достапните факти и важечките прописи“, се вели во соопштението.

За разлика од Канада, американската влада му додели виза на Парти, кој со тоа ќе може да ги игра преостанатите два натпревари од Групата Л. Гана ќе игра во второто коло против Англија на 23 јуни во Бостон, додека во третото коло ќе игра против Хрватска, на 27 јуни во Филаделфија.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK