Претседателот на САД, Доналд Трамп, се чинеше дека повторно задрема за време на состанок во Белата куќа.
На состанокот посветен на енергијата, тој ги затвори очите неколку моменти и се потпре на столот.
Покрај американскиот претседател,на состанокот беа и секретарот за внатрешни работи Даг Бургум, секретарот за енергетика Крис Рајт и директорот на Агенцијата за заштита на животната средина, Ли Зелдин.
Белата куќа одговори на тврдењата изнесени од некои американски медиуми.
WATCH: President Trump appeared to briefly fall asleep during an Oval Office event yesterday.
The incident came just days after Secretary of State Marco Rubio said he had never seen Trump fall asleep, telling lawmakers that the president “doesn’t sleep.”pic.twitter.com/t0dDZMZEqu
— Clash Report (@clashreport) June 5, 2026
Портпаролот Дејвис Ингл ги отфрли обвинувањата и рече дека Трамп е „најпаметниот, најдостапниот и најенергичниот претседател во американската историја“.
Тој додаде дека претседателот „работи деноноќно за да ја направи оваа земја уште поголема отколку што била досега“.
Темата за повремените дремки на Трамп за време на јавните состаноци повторно се отвори еден ден по сослушувањето на американскиот државен секретар Марко Рубио во Конгресот.
Демократскиот претставник Тед Лиу му покажа на Рубио видеа за кои тврди дека го покажуваат Трамп како дреме за време на јавни настани. Рубио ги негираше тврдењата.
Во последните месеци, во американските медиуми се појавија дискусии за здравјето на претседателот, вклучително и шпекулации за неговата дневна поспаност.
Белата куќа во последните недели постојано ги негираше извештаите за здравјето на претседателот.
Пред медицинскиот преглед на Трамп, портпаролите на администрацијата обвинија некои медиуми за ширење неосновани тврдења за состојбата на претседателот.