Инцидент во здравствена установа во Центар: Скопјанка пријавила дека била нападната од нејзина претпоставена


doktorka-depositphotos_239599066_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вработена во здравствена установа на подрачјето на скопската општина Центар пријавила во полиција дека била цел на агресивно однесување и закани од страна на нејзината претпоставена колешка, соопшти Министерството за внатрешни работи.


Според полицискиот билтен, вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, 49-годишната М.К. од Скопје пријавила дека инцидентот се случил на 27 мај околу 13:40 часот. Според пријавата, во нејзината канцеларија на работното место влегла колешката Н.С., која воедно била и нејзина претпоставена, по што започнала агресивно да се однесува и да ѝ упатува закани.

Како што се наведува во пријавеното, претпоставената Н.С. во тој момент упатила закани и навреди и кон друга вработена со иницијали А.А., која потоа физички била истуркана од канцеларијата. На инцидентот реагирало и обезбедувањето на здравствената установа кое морало да интервенира.

Од СВР Скопје информираат дека веќе се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK