Во зградата на амбасадата на Пакистан во белградската населба Дедиње, утрово избувна пожар.
Фотографиите објавени на Инстаграм страницата „Мој Београд“ покажуваат густ чад како се издига од еден од горните катови на зградата на амбасадата.
View this post on Instagram
Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот или како започнал, објавува „Нова.рс“.
View this post on Instagram
Надлежните органи сè уште официјално не го коментирале инцидентот, а нема информации за повредени. Обемот на материјалната штета е исто така непознат.
View this post on Instagram
Повеќе информации се очекуваат по истрагата и официјално соопштение од надлежните органи.