ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра поради продажба на небезбедни производи


temu-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската комисија донесе одлука да ја казни кинеската интернет-продавница „Тему“ (Temu) со 200 милиони евра, врз основа на Актот за дигитални услуги (DSA), поради тоа што платформата не сторила доволно за да ја спречи продажбата на нелегални и небезбедни производи. Според Комисијата, „Тему“ сериозно ги прекршил правилата бидејќи неговата процена на ризик за 2024 година не ги исполнува стандардите и сериозно го потценила ризикот од тоа колку често потрошувачите во ЕУ можат да наидат на нелегални артикли.


За време на истрагата, независна организација ангажирана од ЕУ извршила тајно купување на платформата. Тестирањата покажале дека исклучително висок процент од купените полначи не ги поминале основните безбедносни тестови, додека голем дел од детските играчки содржеле хемикалии над дозволените законски граници или претставувале опасност од задушување поради делови што се одвојуваат. „Тему“ сега има рок до 28 август 2026 година да достави акциски план со мерки за отстранување на пропустите, а доколку не го испочитува тоа, се соочува со дополнителни периодични казни.

Од компанијата „Тему“ изјавија дека не се согласуваат со одлуката на Европската комисија и сметаат дека изречената казна е несразмерна. Тие потенцираат дека одлуката се однесува на нивната прва процена од 2024 година и не ја одразува моменталната состојба на нивните системи, додавајќи дека во меѓувреме веќе презеле дополнителни чекори за зајакнување на безбедноста на корисниците и дека детално ги разгледуваат сите правни опции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK