„Дојче веле“: Трамп нема решение за Иран, тактичките успеси не носат стратешка победа


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Официјален Вашингтон три месеци по почетокот на воените операции против Иран се соочува со сериозни стратешки проблеми и растечко домашно незадоволство, објавува „Дојче Веле“. Иако претседателот Доналд Трамп уште на почетокот тврдеше дека воената ситуација е одлична и дека победата е практички осигурана, воените тактички успеси сè уште не се преточени во стратешка победа.

Војната, која Трамп ја започна повикувајќи се на сопствената „интуиција заснована на факти“ дека Техеран е директна закана за САД, наидува на отпор кај американската јавност. Критики пристигнуваат и од влијателни поддржувачи на неговото движење МАГА, како познатиот поткастер Џо Роган, кој ја нарече воената политика „луда“ и спротивна на ветувањата од кампањата. Како одговор на нападите, Иран го затвори Ормускиот теснец, што предизвика вртоглав раст на цените на енергенсите на глобално ниво и ја доведе во шах светската економија – развој на настаните што, според сопствените изјави, го изненадил и самиот Трамп.


Иранското раководство вешто ја користи нетрпеливоста на американскиот претседател, кој преку контрадикторни пораки на социјалните мрежи осцилира меѓу закани и најави за брз прекин на огнот. Одолговлекувајќи ги преговорите, Техеран ги продлабочува внатрешнополитичките проблеми на Трамп. Според политичките аналитичари, иако Белата куќа сега ги има намалено своите амбиции и е фокусирана само на отворање на теснецот и прашањето за збогатениот ураниум, Иран не покажува подготвеност за отстапки, поради што крајот на овој конфликт сè уште не е на повидок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK