Денес во Киев се одржува самит на 24 земји, претежно европски, каде што учесниците ги поддржаа аспирациите на белорускиот народ да се ослободи од руското влијание и истакнаа дека Русија се обидува подлабоко да ја вклучи Белорусија во војната против Украина, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Денес во Киев се одржува самит на кој учествуваа 24 земји, претежно од Европа. На состанокот беа претставени сите земји од регионот: Полска, Словачка, Унгарија, Молдавија, Романија и Белорусија“, напиша Зеленски на платформата Икс.
Тој рече дека сите учесници ги поддржуваат аспирациите на белорускиот народ да се ослободи од руското влијание, со оценка дека Русија сега се обидува да ја вовлече Белорусија уште подлабоко во војната против Украина.
„Беше изразена благодарност и за секоја форма на белоруска поддршка за слободна Украина, со порака дека ќе дојде денот кога повторно ќе има добрососедски односи меѓу државите, врз основа на вистинската независност на Украина и Белорусија од Москва“, истакна Зеленски.
Тој изјави дека овие прашања денес биле разгледани со лидерката на белоруската опозиција Свјатлан Цикановскаја и нејзиниот тим, кои престојуваат во Киев.