Гатузо ќе биде тренер на Лацио?


depositphotos_837957510_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џенаро Гатузо би можел да го преземе Лацио по неуспешниот мандат како селектор на Италија.


Како што објави Алфредо Педула, поранешниот играч од средниот ред на Милан е во потесниот круг на кандидати за наследник на Маурицио Сари.

Пред тоа, Гатузо имаше понуди од турскиот Амедспор и од Торино, но финансиските детали пресудиле тој да ги одбие овие понуди.

Покрај Гатузо, на списокот на Лацио се наоѓаат Рафаеле Паладино, кој сигурно ќе ја напушти Аталанта, и Фабио Писакане, кој избори опстанок со Каљари.

Лацио зад себе има една тешка сезона, во која Сари се бореше со многу проблеми, Претседателот Клаудио Лотито. Без консултација со тренерот ги продаде најдобрите играчи, а потоа не го послуша Сари околу засилувањата.

Поради ова Сари најави дека ќе го напушти клубот и покрај тоа што има договор до јуни 2027 година.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK