Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територија на целата држава лишиле од слобода 18 возачи поради безобѕирно управување со возило, информираше Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, 12 лица управувале возило без возачка дозвола, од кои пет биле малолетници. Четворица возачи биле затекнати под дејство на алкохол, а уште двајца управувале возило и без дозвола и под дејство на алкохол.
Во Скопје, две малолетни лица биле фатени како управуваат возило без возачка дозвола. Во Кичево биле приведени шест лица, меѓу кои и тројца малолетници, додека по двајца вакви случаи биле регистрирани во Велес. По едно лице без возачка дозвола било затекнато во Струга и Прилеп.
Дополнително, по едно лице во Делчево, Свети Николе, Велес и Прилеп управувале возило под дејство на алкохол, додека во Радовиш и Гостивар биле приведени лица кои возеле и без дозвола и под дејство на алкохол.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел поголема безбедност во сообраќајот.