Фудбалерите на Трабзон го освоија Купот на Турција, со победата 2:1 над Коњаспор, чии дрес го носи капитенот на Македонија, Енис Барди.
Енис Барди е трагичар на финалниот натпреварот, од перспективата на нанвивачите на Коња. Во 58-та минута не реализира пенал при резултат 1:1. Ударот на Барди заврши во левата статива од голот на Онана.
❌ Konyaspor, 58. dakikada Enis Bardhi ile penaltıdan yararlanamadı.pic.twitter.com/VDDtl3N3PZ
— Fanatik (@fanatikcomtr) May 22, 2026
Инаку, Трабзон водеше од 18-та минута со голот на Онуачу, а изедначи Мулека во 50-та минута. Барди потоа не реализира пенал за целосен пресврт, а казната Коњаспор ја стигна во 79-та минута кога Онуачу од пенал го постави конечниот резултат.