Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 10. седница на 27 мај 2026 година, во Малата сала на Народен театар- Гевгелија, со почеток во 09:30 часот. За работа на седницата е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југоисточниот Плански Регион за 2025 година,
2. Предлог-Одлука за обезбедување финансиски средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 год. за ученик Стефан Младеновски и ментор м-р Стево Ѓоргиев за учество на IEO 2026,
3. Предлог-Измени и дополнување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година,
4. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2026 година,
5. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта во општина Гевгелија за 2026 година,
6. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за финансирање на спортските активности во Општина Гевгелија за 2026 година,
7. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита за 2026 година,
8. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансискиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2026 година,
9. Предлог- Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2026 година,
10. Предлог-Решение за давање согласност на измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2026 година, бр. 01-198/1 од 04.05.2026 година,
11. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2027 год. на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, бр. 01-168/1 од 20.04.2026 година,
12. Предлог- Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2026 година,
13. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2027 год. на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, бр. 01-204/1 од 21.04.2026 година,
14. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2026 година,
15. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2027 год. на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, бр. 01-158/1 од 21.04.2026 година,
16. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2026 година,
17. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2027 год. на ООУ „Климент Охридски“- Миравци, бр. 01-145/1 од 17.04.2026 година,
18. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2026 година,
19. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2027 год. на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, бр. 01-49/1 од 17.04.2026 година,
20. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансискиот план ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2026 година,
21. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансискиот план на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2026 година,
22. Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, бр. 02-111/12 од 15.04.2021 година,
23. Предлог-Решение за разрешување член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија како претставник на општината,
24. Предлог-Решение за именуање член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија како претставник на општината,
25. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителски објект,
26. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализираните проекти на ФЛОРИТ- Гевгелија, каде што како партнер се јавува Општина Гевгелија,
27. Предлог-Решение за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01.2026 г. – 31.03.2026 г.,
28. Информација за состојбата и активностите за кучињата- скитници во општина Гевгелија,
29. Информација за состојбата со снабување со вода за пиење во населените места во општина Гевгелија,
30. Информација за актуелната состојба со водоснабдувањето во населеното место Негорци- општина Гевгелија,
31. Информација за фекалната канализација во населеното место Негорци и нејзиното истекување во обработливите површини,
32. Информација за одржување и користење на јавниот простор за паркирање во Гевгелија.