Кривична пријава и интерпелација за Гаши, најави Филипче – СДСМ се повлекува од Комисијата


filipce-sobranie-press-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање и буџет, соопшти лидерот на партијата Венко Филипче, кој најави кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши, бидејќи задолжил друг пратеник да ја води Комисијата со која претседава Сања Лукаревска од СДСМ.


„Ние нема да учествуваме во комисиската расправа на оваа тема и целосно се повлекуваме од неа. Дополнително, сакам да укажам на уште еден скандал. Скандал кој не е нов и кој претседателот на Собранието веќе континуирано го спроведува, а тоа е дека, кршејќи го Деловникот, закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет — комисија што ја води нашата пратеничка Сања Лукаревска — и покрај тоа што таа е тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува. Кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа комисија“, рече Филипче.



Нагласи и дека ваквото однесување станува пракса и претставува директно прекршување на собраниските процедури и правила.

„Имајќи предвид дека ова е веќе пракса на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и со тоа го крши Деловникот, најавуваме дека ќе поднесеме кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието“, изјави Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK