Реформи во Далас – Франшизата се раздели со тренерот Џејсон Кид


depositphotos_294690514_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако претседателот Масаи Уџири го презеде водството на Далас Маверикс, една од првите големи одлуки беше франшизата да се раздели со тренерот Џејсон Кид.


Инсајдерите објавија, а во текот на ноќта беше потврдено, дека Далас ќе бара нов тренер, бидејќи Кид не се вклопува во идеите на новиот менаџер.

Тој имаше уште четири години од договорот, според кој требаше да заработи уште 40.000.000 долари, а беше наведено дека двете страни спогодбено се разделиле.

Далас, сега, оди во нова насока, со целосно реконструирање на тимот, се шепкулира дека од играчите недопирлив е само дебитантот на годината Купер Флег. Тој ќе биде носител на новиот проект на Мавс.

Кид го тренираше Далас во претходните пет сезони и во тој период го водеше тимот до големото финале во 2024 година и финалето на конференцијата претходната година.

Како играч, тој му го донесе на Далас единствениот шампионски прстен во 2011 година и има статус на легенда во овој град.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK