Музичка вечер за Спасовден (20 мај): „Панта Реи“ на Градскиот плоштад во Гевгелија


среда-пост.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како централен настан во рамки на Програмата за одбележување на празникот Вознесение Христово- Спасовден, заштитникот на градот Гевгелија, утре (20 мај 2026 година), со почеток во 20:00 часот, на Градскиот плоштад ќе се одржи Концерт на гевгелиската популарна музичка група „Панта Реи“.

Концертот претставува централна активност во рамки на културно-празничната програма, со која Гевгелија и годинава свечено го одбележува својот заштитник. Гевгеличани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со музика, пријатна атмосфера и внимателно избран народен и забавен репертоар, со кој ќе се заокружи годинешното празнично чествување на Спасовден.


Во пресрет на концертот, со почеток во 19:00 часот, на Градскиот плоштад ќе настапи Танцовото студио „Мистик“, кое со својот перформанс ќе претставува вовед во централната вечерна програма.

Во рамки на празничните одбележувања, традиционално се одржува и црковната слава на Манастирот „Св. Спас“, каде се служи празнична Вечерна богослужба којашто ќе започне во 17:00 часот, како и се организира традиционален панаѓур кој секоја година собира голем број верници и посетители.

Во рамки на дневните активности, со почеток во 11:00 часот, во просториите на ТППЕ- Гевгелија ќе се реализира одбележување на Проектот „Меѓуопштинска соработка за безбедни заедници“, по повод Денот на пожарникарите.

Духовната програма ќе биде заокружена утредента, на празникот (21 Мај), со Света литургија, која ќе започне во 08:30 часот, во Манастирот „Св. Спас“.

Со богата културно-забавна програма и свечена атмосфера, Гевгелија и оваа година достоинствено го одбележува Спасовден- празникот Вознесение Христово и патрон на градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK