Георгина Родригез многумина ја споредија со легендарната убавина на величествените облини на Мерилин Монро.
Само ден претходно, атрактивната Георгина Родригез ја изненади јавноста со својата долга руса коса кога се појави на церемонијата на доделување на наградите „Kering Women In Motion“ во рамките на Канскиот филмски фестивал.
И, секако, не очекуваме свршеницата на Кристијано Роналдо да не прошета по црвениот тепих во една од своите спектакуларни креации оваа година, и иако не ја гледаме пред камерите, таа објави фотографија на која покажува што носела по пристигнувањето на Француската ривиера.
View this post on Instagram
Таа пристигна во Кан во недела, 17 мај, и привлече внимание со својот смел стил. Носеше црно-бел мини фустан со лелеав долен дел и впечатливо деколте со врвки, кое се врзува околу вратот, а со оваа комбинација, многумина се потсетија на стилот на познатата Мерилин Монро.
Којзнае, можеби една од најпосакуваните жени на сите времиња беше нејзина инспирација, па затоа избра стил во духот на стариот Холивуд.
View this post on Instagram
Познато е дека таа ги обожава луксузните брендови, но не откри чија креација е.