Ракометарите го потврдија настапот на Светското првенство


screenshot-2026-05-17-203557.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ракометната репрезентација на Македонија со убедлива победа 38:23 над Словачка го завери пласманот на Светскотоп првенство. Македонија осми пат по ред, а вкупно 10-ти, ќе игра на ракометниот Мундијал.
По победата во првиот натпревар во Прешов, во реваншот прашањето кое се наметнуваше беше со колкава разлика ќе победи Македонија.


На полувреме Македонија имаше плус од седум гола, во вториот дел разликата стана и двоцифрена и така и заврши натпреварот.
Македонија ја предводеше капитенот Кузмановски со 11 гола, шест постигна Велковски, а пет Лазаревски.

Светското првенство во ракомет ќе се одржи во Германија во 2027 година од 13 до 31 јануари, а воедно ќе биде и јубилејно 30-то издание.

Ќе се игра во шест градови – Келн, Минхен, Кил, Хановер, Магдебург и Штутгарт. Последниот дел од турнирот, од четвртфиналето до финалето, ќе биде во Келн.

foto/ macedoniahandball.com.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK