ЗНАМ се распаѓа, велат од СДСМ


sdsm-stab-6-Custom-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Наместо Филков конечно да ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски, ЗНАМ организира прес-конференции за да продолжи со пропагандата на криминалната група ВМРО, реагираат од СДСМ, на прес – конференцијата на портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.


„Доволно е со дефокусот. Граѓаните не ги интересираат вашите дневни шоуа и нови теории на заговор. Граѓаните бараат одговор: Дали документите за екстрадиција на Груевски се испратени или не? Имате уште 15 дена до истекот на рокот за исполнување на реформите што Мицкоски лично го постави. Нема да добиете нови алиби. Нема да добиете нови одложувања. Испратете ги документите за Груевски веднаш. ЗНАМ се распаѓа и ја плаќа цената за своето постоење. Му испорачува на Мицкоски. Но, граѓаните на Македонија нема да дозволат целата држава да биде заложник на криминалната група ВМРО. Правда сега. Реформи сега. Европа сега“, пишува во рекцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK