Финален турнир во М20 лигата – мажи во Гевгелија: КК „Кожув“ домаќин на завршницата на „Адастра“ младинските лиги


696765594_1648127037313715_3863172277634619906_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гевгелија, на 16 и 17 мај 2026 година, ќе биде центарот на младинската кошарка во Македонија, откако Кошаркарскиот клуб „Кожув“ се стекна со правото да биде домаќин и организатор на финалниот турнир во М20 лигата- мажи, во рамки на „Адастра“ младинските лиги, во организација на Кошаркарската федерација на Македонија.

Натпреварите ќе се одиграат во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија.


На турнирот ќе настапат четири екипи кои ќе се борат за шампионската титула во оваа категорија: „Вардар“, „Феникс 2010“, „Водно Санс“ и домаќинот „Кожув“.

Според распоредот, полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 16 мај (сабота), додека финалниот ден, 17 мај (недела), е резервиран за натпреварот за трето место и големото финале, по кое ќе биде познат новиот шампион во М20 лигата.

Распоред на натпревари

16 мај (сабота) – Полуфинале

16:00 часот: „Вардар“ – „Феникс 2010“

18:30 часот: „Водно Санс“ – „Кожув“

17 мај (недела)

16:00 часот: Натпревар за трето место (поразени од полуфиналето)

18:30 часот: Финале (победници од полуфиналето)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK