Рома го откупи договорот на Мален


hio621wxaaatmcf.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рома ја активираше откупната клаузула за напаѓачот на Астон Вила, Дониел Мален, објавија италијанските медиуми.


Клубот од Рим ќе плати 25 милиони евра за 27-годишниот Холанѓанец. Клаузулата беше автоматски активирана откако Рома се квалификуваше за европските натпреварувања.

Дека Рома ќе игра во некој од европските купови, стана јасно во средата, кога Интер го освои Купот на Италија.

Мален се пресели во Рома на позајмица во јануари. Во 16 натпревари во Серија А, тој постигна 13 гола и запиша две асистенции.

Рома е на петтото место на табелата во Серија А по 36 натпревари, а „волчицата“ се бори во последните две кола за пласман меѓу првите четири екипи и место во Лигата на шампионите следната сезона.

Холандскиот репрезентативец Мален претходно играше за Борусија Дортмунд и ПСВ, како и за младинските тимови на Арсенал и Ајакс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK