Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, објави на платформата X дека планира да воведе значајни промени во протоколот на својата канцеларија. Тој објави фотографија со порака дека ќе го користи истиот „Шкода Суперб“ како официјално возило на премиерот што го користел за обиколка на земјата за време на изборната кампања.
Покрај поскромниот возен парк, Маѓар објави и дека нема да се пресели во официјалната владина резиденција, со што нагласува отстапување од претходниот стил на управување на неговиот претходник Виктор Орбан.
As my official Prime Ministerial car, I will use the Škoda Superb, which became familiar to people across the country during my campaign tour. I will also not be moving into an official government residence. pic.twitter.com/g4Dl9PdiTZ
— Magyar Péter (Ne féljetek) (@magyarpeterMP) May 13, 2026
Маѓар официјално стана новиот унгарски премиер, со што заврши шеснаесетгодишното владеење на националистот Виктор Орбан. Проевропскиот конзервативец, кој посериозно влезе на политичката сцена пред само две години, беше избран во парламентот со 140 гласа „за“ и 54 „против“. Неговата партија Тиса моментално држи 141 од 199 места во парламентот.
Самиот Виктор Орбан не присуствуваше на гласањето, бидејќи претходно поднесе оставка од своето место.
„Нема да владеам со Унгарија, туку ќе ѝ служам на мојата земја“, рече новиот премиер, жестоко осудувајќи ја корупцијата на системот на Орбан, за кој тврди дека ги лишила граѓаните од основна инфраструктура – патишта, болници и училишта.
фото/ЕПА