Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при посетата на Црна Гора ја пофали посветеноста на земјата кон Алијансата и истакна дека Подгорица издвојува повеќе од два отсто од БДП за одбрана.
По средбата со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, Руте изјави дека Црна Гора активно придонесува за мир и стабилност на Западен Балкан, регион што го оцени како стратешки важен за НАТО.
Тој порача дека сојузниците мора повеќе да вложуваат во безбедноста поради руската агресија и растечкото влијание на Кина, додавајќи дека е благодарен за поддршката што Црна Гора ѝ ја дава на Украина.
Спајиќ најави нов меѓудржавен договор со САД во јуни и порача дека „одлични денови“ ја очекуваат Војската на Црна Гора.
Тој истакна и дека Црна Гора е пример за мултиетничко општество.