(Видео) Избеган бизон нападна луѓе во Турција


bizondepositphotos_669947842_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Избеган бизон предизвика паника вчера во Игдир, град во источна Турција, откако истрча на улиците и почна да ги напаѓа минувачите. Се верува дека животното избегало од својот сопственик и нападнало луѓе што стоеле на тротоарот во центарот на градот, во населбата Дортјол, пренесува Анадолу.


Целиот инцидент, кој предизвикал страв кај жителите, бил снимен со камера од мобилен телефон. Минувачите се обиделе да го спречат, но бизонот успеал да избега во споредните улици, по што му се изгубила секоја трага.

Едно лице е повредено во нападот, но беше објавено дека е во добра состојба. По пријавувањето на инцидентот, комуналните служби и полицијата започнаа потрага по избеганото животно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK