(Видео) „Ер Форс Уан“ на Трамп е на пат кон Кина: исполнет со милијардери и шефови на технолошки гиганти


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Илон Маск е само еден од истакнатите американски бизнис лидери што го придружуваат американскиот претседател Доналд Трамп на неговата државна посета на Кина оваа недела. Портпаролката на Белата куќа потврди дека Маск се качил на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, кој полетал за Пекинг, објави Ројтерс.


Најбогатиот човек во светот, кој моментално е во правен спор со раководителот на ОпенАИ во Калифорнија, е дел од групата директори поканети да му се придружат на Трамп.

На списокот на патници се и Тим Кук, кој официјално ќе се повлече од функцијата извршен директор на „Епл“ во септември, и Јенсен Хуанг, раководителот на Нвидија, еден од најголемите добавувачи на чипови за вештачка интелигенција во светот.

Список на други директори во делегацијата

Трамп е придружуван од извршниот директор на Боинг, Роберт „Кели“ Ортберг, претседателот и извршен директор на БлекРок, Лари Финк, претседателот и извршен директор на Блекстоун, Стивен Шварцман, претседателот и извршен директор на Каргил, Брајан Сајкс и претседателката и извршен директор на Сити, Џејн Фрејзер. Во делегацијата се и извршниот директор на „Кохерент“, Џим Андерсон, претседателот и извршен директор на „ЏЕ Аероспејс“, Х. Лоренс Калп, претседателот и извршен директор на „Голдман Сакс“, Дејвид Соломон, извршниот директор на „Илумина“, Џејкоб Тејсен, извршниот директор на „Мастеркард“, Мајкл Мибах, претседателката и потпретседателка на „Мета“, Дина Пауел Мекормик, претседателот и извршен директор на „Микрон“, Санџај Мехротра, претседателот и извршен директор на „Квалком“, Кристијано Амон, и извршниот директор на „Виза“, Рајан Мекинерни.

Пред да заминат за Пекинг, Трамп се обрати пред печатот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK