Легендарниот Мексиканец се подготвува за своето шесто Светско првенство


depositphotos_670507838_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендарниот голман Гиљермо Очоа изјави дека се приклучил на кампот на репрезентација на Мексико, што значи дека постои сериозна шанса да настапи на шестото Светско првенство.


40-годишниот ветеран веројатно ќе биде во составот на селекторот Хавиер Агире за турнирот од 11 јуни до 19 јули, чии домаќини се три земји – САД, Канада и Мексико.

Доколку се најде на спиското на селекторот, Очоа ќе стане еден од ретките фудбалери со настап на шест Светски првенства, заедно со Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Тој настапи на Мундијалите во Германија во 2006 година, 2010 година во Јужна Африка, 2014 година во Бразил, 2018 година во Русија и 2022 година во Катар.

Очоа, инаку голман на АЕЛ Лимасол со повеќе од 150 натпревари за Мексико,, верува дека турнирот би можел да го означи крајот на неговата кариера.

Мексиканците ќе ги завршат подготовките за Светското првенство со натпревари против Гана на 22 мај, Австралија на 30 мај и Србија на 4 јуни.

Нивниот прв натпревар е на 11 јуни против Јужна Африка на стадионот „Ацтека“, што воедно ќе биде и првиот натпревар на Светското првенство.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK