Младата ѕвезда на Бразил и Челзи го пропушта Светското првенство


13518652.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската репрезентација на Бразил доживеа нов тежок удар пред Светското првенство. Младиот напаѓач на Челзи, Естевао, нема да игра на Мундијалот поради сериозна повреда, а според ESPN, тој не бил вклучен во поширокиот список од 55 играчи испратени до ФИФА од селекторот Карло Анчелоти.


19-годишниот талент го повреди мускулот на десната нога 18 април во поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед. Иако имаше надеж дека ќе се рехабилитира на време, медицинските служби на бразилската репрезентација и лондонскиот клуб не можеа да гарантираат дека ќе биде целосно подготвен.

Пред повредата, тој се сметаше за сигурен патник до првенството, особено затоа што Анчелоти високо ги цени неговите квалитети.

Естевао пристигна во Челзи од Палмеирас минатото лето за 34 милиони евра, а оваа сезона постигна осум гола на 36 настапи.

Проблем на Бразилците е што Естевао не е единствениот важен играч кој ќе го пропушти Светското првенство. Поради сериозни повреди, Анчелоти не може да смета на дуото од Реал Мадрид, Едер Милитао и Родриго, кои сигурно би биле меѓу главните адути на националниот тим.

Според извори блиски до националниот тим, самиот Естевао бил свесен дека неговите шанси да се појави на Мундијалот се минимални и наводно изгледал многу разочаран кога се вратил во Палмеирас за да ја продолжи рехабилитацијата.

Додека лошите вести продолжуваат, навивачите беа воодушевени што Нејмар се врати во поширокиот состав. Најдобриот стрелец на сите времиња во Бразил со 79 гола е меѓу напаѓачите што Анчелоти ги разгледува за својот финален списокт од 26 фудбалери.
Лука Дончиќ објави дека нема да игра за словенечката репрезентација

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK