Два авиони со 28 патници од крузерот MV Hondius, кадешто се прошири хантавирусот, слетаа во Холандија во вторник, а болницата каде што се лекува заразениот пациент стави во карантин 12 вработени како мерка на претпазливост.
Веднаш ставени во карантин
Авионите слетаа на аеродромот во Ајндховен кратко по полноќ со осум холандски државјани на бродот. Другите патници, од различни националности, ќе го продолжат своето патување кон своите матични земји од Холандија, соопштија властите.
Персоналот во холандска болница е ставен во превентивен карантин шест недели откако примероците од крв и урина биле обработени без строги протоколи, соопшти болницата Радбоудум во градот Најмеген, додавајќи дека ризикот од инфекција е многу низок и дека грижата за пациентите продолжува без прекин.
Болницата го примила патникот од „Хондиус“ заразен со хантавирус на 7 мај, објави Ројтерс.
„Внимателно ќе го истражиме текот на настаните за да извлечеме поука од ова и да спречиме слични ситуации во иднина“, изјави Бертин Лахуис, претседателка на болницата.
„Хондиус“ исплови за Холандија доцна во понеделник со 25 членови на екипажот, лекар и медицинска сестра. Сите патници се истовариле. Се очекува бродот да пристигне во Холандија до 17 мај, соопшти неговиот сопственик, „Оушнвајд експедишн“.