(Видео) Тел од херој до трагичар – Тотенхем ремизираше со Лидс


13968869.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Тотенхем ремизираа со Лидс (1:1) на својот стадион, во 36-то коло од Премиер лигата.


Првото полувреме помина без голови, а потоа на почетокот од второто, Тотенхем поведе.

Матијс Тел успеа да го матира Карл Дарлоу во 50-та минута и да го доведе својот тим до водство од 1:0.

Teл, 20 минути подцна стана трагичар, кога без потреба го фаулираше Ампаду пред својот гол. Пеналот во израмнување го претвори Домини Калвер-Луин.

До крајот во херој на Тотенхем се претвори голманот Кински, кој во 99-та минута го спречи Лонгстав да направи целосен пресврт.

Тотенхем во последните две кола ќе се обиде да обезбеди опстанок, на табелата има два бода повеќе од Вест Хем кој е во опасната зона.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK