Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина го прекршила примирјето со напади со беспилотни летала и артилерија врз руски војници, пренесе новинската агенција Интерфакс.
Според Москва, руските сили во текот на изминатите 24 часа собориле 57 украински дронови и, како што наведуваат, остануваат посветени на почитување на прекинот на огнот.
Руското министерство соопшти дека нивните сили „одговориле со иста мера“ на украинските дејствија, изведувајќи напади со ракетни системи и минофрлачи.
Москва тврди дека и покрај обвинувањата, таа го почитува договорениот прекин на огнот.
Новинската агенција Ројтерс наведува дека не можела независно да ги потврди извештаите од двете страни за состојбата на бојното поле.