САД го разгледуваат новиот предлог од Техеран, Трамп вели: Тешко дека ќе го прифатиме


trampdepositphotos_679135156_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е запознаен со концептот на договорот со Иран, но дека го чека неговиот точен текст, предупредувајќи дека и натаму постои можност за нови напади врз Иран доколку Техеран „се однесува лошо“. Сепак, не верува оти ќе биде прифатлив.


„Наскоро ќе го разгледам планот што Иран ни го испрати, но не можам ни да замислам дека ќе биде прифатлив, со оглед на тоа што сè уште не платиле доволно висока цена за она што му го направија на човештвото и на светот во изминатите 47 години“, напиша тој на Трут Соушал.

Трамп предупреди дека нови напади врз Иран и натаму се можни доколку Техеран, како што рече, „се однесува лошо“.

Според иранскиот предлог, би се отворил Ормускоит теснец, би завршила американската блокада на Иран, а преговорите за иранската нуклеарна програма би биле оставени за подоцна.

Трамп повтори дека САД нема да прифатат договор што нема да спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK