(Видео) Украина погоди два руски танкери од „флотата во сенка“, објави Зеленски


uk.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украински поморски дронови онеспособиле два руски нафтени танкери во близина на пристаништето Новоросијск на Црното Море, соопшти украинскиот претседател, Володимир Зеленски.


Тој објави и снимка од нападот, наведувајќи дека погодените пловила припаѓале на руската „флота во сенка“ што се користи за транспорт на нафта.

Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да ги развива своите капацитети за далекуметни удари по море, воздух и копно.

Според украинските власти, целта на ваквите напади е да се намалат руските приходи од извоз на нафта, кои се клучни за финансирање на воените операции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK