Техеран предупреди по одлуката на Трамп: Подготвивме мерки што непријателот не може ни да ги замисли


Depositphotos_336213826_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иран предупреди дека е можен обновен конфликт со САД откако американскиот претседател Доналд Трамп го одби најновиот мировен предлог од Техеран.


„Доказите покажаа дека САД не се придржуваат до никакви ветувања или договори“, изјави иранскиот бригаден генерал Мохамад Џафар Асади, додавајќи дека за „непријателот се подготвени изненадувачки мерки“.

Во меѓувреме, иранските медиуми повторија дека Ормутскиот Теснец ќе остане под иранска контрола, при што Револуционерната гарда порача дека ќе обезбеди клучниот поморски правец да остане под надзор на Техеран.

Изјавите следуваат откако Трамп кажа дека „не е задоволен“ од иранскиот мировен предлог и порача дека Техеран бара услови на кои САД не можат да се согласат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK