СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против С.Х.(27) од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 и против А.Х.(25) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „прикривање“ по член 261, а во врска со член 237 од Кривичниот законик.
На 21.04.2026 во 18:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, пријавениот С.Х. физички го нападнал Р.Д.Р.(36) од село Мокрино, струмичко, при што му го одзел мобилниот телефон и побегнал.
Мобилниот телефон е пронајден кај второпријавениот А.Х., од кого е одземен и вратен на оштетениот.