Италија со поддршка за ограничување на увозот од окупираниот Западен Брег


italija-zname-depositphotos_3157061_l.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, изрази поддршка за ограничување на увозот на стоки од окупираниот Западен Брег, јави Анадолу.


„Работите на Западниот Брег не одат добро, мора да се променат и тоа јасно го кажавме“, изјави Тајани во Сенатот, додавајќи дека „политиката на населување мора да престане, како и насилството на екстремистичките доселеници“.

Тој посочи дека Италија, заедно со дел од европските партнери, позитивно ја разгледува можноста за ограничување на увозот на производи од Западниот Брег, како мерка насочена кон изворите на финансирање на екстремистички мрежи.

Изјавата доаѓа откако Италија, заедно со Германија, блокираше предлог за суспензија на Спогодбата за придружување меѓу ЕУ и Израел, оценувајќи дека таквиот пристап не е вистинскиот пат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK