Одбележани 111 години од смртта на Јане Сандански во СОУ „Јане Сандански“


678962213_1402662545218412_1108126404402408773_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес се навршуваат 111 години од смртта на Јане Сандански – Пиринскиот цар, еден од најзначајните поборници за македонската државност и заштитник на македонската национална самобитност.

По тој повод, учениците и вработените во СОУ „Јане Сандански“ со пригодна програма пред неговата биста во училишниот двор го одбележаа патрониот празник.


Како голем почитувач на историјата и делото на македонските револуционери, меѓу кои и Јане Сандански, како и поддржувач на воспитно-образовниот процес, на одбележувањето присуствуваше и градоначалникот Петар Јанков, кој положи свежо цвеќе.

Честитајќи им го празникот, тој му посака на раководството на училиштето да продолжи успешно да ги воспитува и образува младите генерации во духот на знаењето, почитта и вредностите што ги симболизира името на Јане Сандански.

The post Одбележани 111 години од смртта на Јане Сандански во СОУ „Јане Сандански“ appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK