Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, потпиша Меморандум за соработка во рамките на иницијативата WiFi4WB, со што се овозможува поставување на бесплатна јавна Wi-Fi мрежа за сите граѓани и посетители.
Иницијативата е финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital, со цел да се обезбеди сигурен и бесплатен интернет низ Македонија и Западен Балкан.
Со овој меморандум, опремата официјално е дадена во сопственост на Општина Струмица, додека интернет услугата ќе биде бесплатна во период од 18 месеци.
Во рамки на средбата се разговараше и за можностите за имплементација на идни заеднички проекти со GIZ, насочени кон дигитален развој и подобрување на услугите за граѓаните.
Струмица е една од 500-те општини во регионот кои добиваат WiFi4WB мрежа, по примерот на програмата WiFi4EU, преку која се обезбедени бесплатни интернет точки на илјадници локации низ Европската Унија.
The post Потпишан меморандум за WiFi4WB – бесплатен интернет за граѓаните appeared first on Општина Струмица.