Додека светот најавува нова криза и глад, Мицкоски продолжува да раскажува бајки за „трета економија во Европа”, велат од СДСМ


mickoski1.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Војната на Блискиот исток и нарушениот проток низ Хормускиот теснец ја открија длабоката ранливост на глобалниот прехранбен систем. Цените на ѓубривата веќе скокнаа за 26,2 %, цените на енергијата за 41,6 %, а Светската банка и ФАО предупредуваат дека ако кризата продолжи, во првата половина на 2026 година цените на ѓубривата можат да пораснат за дополнителни 15–20 %“, велат од СДСМ.


„Ова директно води кон пад на приносите и кон реален ризик од нова прехранбена криза и глад, особено во земјите од Глобалниот југ.

Во Македонија, нашите земјоделци се директно на удар. Македонските земјоделци се зависни од увозни ѓубрива чии цени директно зависат од глобалните трендови.

Повисоките трошоци за ѓубрива значат и помала употреба, а тоа ќе влијае и на помали приноси (пченица, пченка, зеленчук) и уште поголема потреба за увоз на храна.

Храната, лебот овошјето, зеленчукот, поскапуваат поради енергија и ѓубрива. Владата на Мицкоски вчера објави дека маржата на ѓубривата ќе биде ограничена до 31 мај.

Оваа мерка е предоцна и премала. Нема да даде резултат. Најголемиот дел од земјоделците веќе влегоа длабоко во сезонските трошоци и купија ѓубрива по повисоки цени.

Ограничувањето на маржата ќе има минимален ефект за нив. СДСМ уште на самиот почеток на кризата, која трае веќе седум недели, јасно предложи конкретни мерки за заштита на граѓаните и земјоделците.

Намалување на ДДВ за храна на 0%, намалување на ДДВ за горивата на 5%, намалување на акцизата за горивата и бензините за 4 денари и преполовување на цената на патарините. Баравме и директна финансиска помош за ранливите категории.

Владата ги отфрли сите наши предлози. Сега, со големо задоцнување, воведува делумни мерки за контрола на маржата на ѓубривата.

Но, сега е предоцна. Цените веќе скокнаа и граѓаните и земјоделците ќе го платат скапо чекањето и неспособноста на Мицкоски.

Ние продолжуваме да бараме:

– Намалување на ДДВ за храна на 0%, што ќе донесе намалување на цените на основните прехранбени производи;
– Намалување на ДДВ за горива на 5% и на акцизите;
– Мерки за директна помош на ранливите семејства, пензионерите и земјоделците,
– Мерки за зачувување на работните места и поддршка на домашното производство.

Ние не ветуваме бајки. Ние нудиме решенија. Зашто за нас економијата и земјоделството не се статистика – тие се секојдневниот леб на секој граѓанин и секој земјоделец во Македонија“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK