Дијаспората е нераскинлив дел од Македонија, порача Мицкоски во Виена


screenshot-2026-04-21-214659.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во Виена имав можност да се сретнам со нашите сограѓани од македонската дијаспора, истакна во објава на социјалните мрежи премиерот Хирстијан Мицкоски.


Соопшти дека било разговарано отворено за предизвиците, но и за можностите што ги имаме како што рече, како држава.

„Посебно ја истакнав важноста од продолжување и продлабочување на пријателските односи со Австрија. Блискоста меѓу нашите земји е јасна, а таа треба да ја претвориме во уште поголема економска соработка и нови инвестиции.
Испратив порака до нашите луѓе во дијаспората, тие се нераскинлив дел од Македонија. Ги повикав да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот на државата. Како Влада, работиме посветено да создадеме стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри таквите чекори“.

Овие средби, вели Мицкоски, се важни затоа што градат заедништво и доверба.

„Убеден сум дека само заедно, со поддршка од дијаспората и со силни меѓународни партнерства, можеме да ја движиме државата напред.
Работиме посветено, чекор по чекор, со јасна цел економски развој и подобар живот за сите наши граѓани“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK